Свет

Кикиљас: Ако требa, ќе преземеме мерки за лажните вести за коронавирусот

Прашањата за јавното здравје треба да ги третираме со смиреност и сериозност, доколку е потребно Министерството за здравство и Владата ќе преземат конкретни мерки за оние кои што се обидат да шират лажни вести за коронавирусот, вели министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервју за грчката телевизија „Антена”, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој уште еднаш истакна дека потребно е да постои смиреност, трезвеност и темелно научно информирање од експертите, а не да се шири паника.

– На сите им препорачувам многу голема внимателност за прашањата за јавното здравје. Министерството за здравство и Владата, доколку е потребно, ќе преземат конкретни мерки за оние кои што се обидуваат да шират лажни вести и ова е спротивно на јавното добро. Темите поврзани со здравјето се во нашиот Устав. Никој нема право да го паничи народот, вели Кикиљас.

Министерот за здравство на Грција објасни дека за дел од примероците што се сметале за сомнителни, било објавено во медиумите, а за поголем дел не се дознало, што според него, е и правилно, бидејќи постојат и личните податоци.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јункер: Договорот за Брегзит важи и за следниот британски премиер

saso user

Канада се загрева два пати побрзо од остатокот на светот

saso user

Папата подготвен да му каже во лице на Трамп дека ѕидот со Мексико е грешка

saso user