Бизнис

Инвеститорите добиле 423 одобренија за градба на станови

Во декември лани се издадени 286 одобренија за градење, што е за 2,1 отсто помалку во однос на истиот месец од 2018 година. Предвидена е изградба на 423 станови, со вкупна корисна површина од 32.307 квадратни метри, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.460.995.000 денари, што е за 59,4 отсто помалку во однос на декември 2018. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење на експресен пат во Североисточниот Регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 се наменети за објекти од високоградба, 56 за објекти од нискоградба и 100 за објекти за реконструкција.

Од вкупно 286 објекти, на 151 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 135  од објектите се деловни субјекти.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лозароовоштари го блокираа патот Градско-Прилеп кај Росоман

saso user

Анѓушев: Во комуникација со бизнис секторот се креираат бизнис политиките

saso user

Пожар во грчки бегалски камп, евакуација на мигрантите

saso user