Македонија

Измените на Изборниот законик и на Законот за лични карти на собраниска седница

На седницата за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи, се предожени и нови точки, односно предлог на закон за неевидентирани лица во матична книга на родени. Пратениците ќе расправаат и за предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, како и за Предлог на закон за дополнување на Законот за личната карта.

Во измените на Изборниот законик влезе и барањето на ДУИ за промена на гласачките места од Шестата во Петата изборна единица заради баланс на гласачите. Се предлага гласачки места од Дебар и од Маврово и Ростуше од шестата да се префрлат во Петата изборна единица.

„Во членoт 175 став (1) во делот „ ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 5 “ по зборовите : „ ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 5 “ се додаваат зборовите: „општина Дебар избирачки места од 0477 до 0477; Општина Дебар избирачки места од 0477/1 до 0477/1; Општина Дебар избирачки места од 0543 до 0548; Општина Дебар избирачки места од 0544/1 до 0544/1; Општина Дебар избирачки места од 0547/1 до 0547/1; Општина Дебар избирачки места од 0555 до 0556“, по зборовите:„општина Крушево избирачки места од 1187/1 до 1187/1“ се додаваат зборовите : „ општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0463 до 0476; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0464/1 до 0465/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0470/1 до 0470/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0473/1 до 0474/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0478 до 0479; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0481 до 0498“.

Во делот „ ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 6“  зборовите: „општина Дебар избирачки места од 0477 до 0477; Општина Дебар избирачки места од 0477/1 до 0477/1; Општина Дебар избирачки места од 0543 до 0548; Општина Дебар избирачки места од 0544/1 до 0544/1; Општина Дебар избирачки места од 0547/1 до 0547/1; Општина Дебар избирачки места од 0555 до 0556“ се бришат и зборовите:„општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0463 до 0476; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0464/1 до 0465/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0470/1 до 0470/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0473/1 до 0474/1; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0478 до 0479; општина Маврово и Ростуша избирачки места од 0481 до 0498“ се бришат“, пишува во Изборниот законик.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Следуваат натпросечно топли пролетни денови

saso user

Во пожар во Стањевци изгореле 13 јагниња

saso user

Џафери: Ни фали одговорност и многу работа на политичката култура

saso user