Бизнис

Заев закрои лоза во лозјето на „Тиквеш“

Денеска го славиме нашето македонско вино, нашиот бренд и белег по кои сме познати и почитувани во светот. Вака изјави министерот за земјоделство Трајан Димковски по закројувањето на винови лози во месноста Лепово на винаријата „Тиквеш“.

Закроија и премиерот Оливер Спасовски, претседателот на СДСМ Зоран Заев и други во присуство на многубројни гости.

Димковски рече дека за да ги направиме нашите вина и винската индустрија уште поконкурентни во светски рамки мора да вложуваме во лозарството. Тој нагласи дека оваа исконска земјоделска гранка има огромна традиција на опстојување на овие наши балкански простори, а посебно во нашата земја.

– Изминативе две и пол години како ресорно министерство интензивно работевме на развојни мерки за оваа наша стратешка гранка, како и на навремена и неселективна исплата на субвенциите тогаш кога им се потребни на лозарите. Нашите мерки за развој на винската индустрија веќе даваат позитивни резултати. Стануваме препознатливи по производството на квалитетно вино што не етаблира како винска земја – рече министерот.

Тој информираше дека вкупното производство на вино се движи од 115 до 125 милиони литри, од кои приближно 80 милиони литри завршуваат на пазарите надвор од РСМ од што годишниот девизен прилив изнесува околу 50 милиони евра.

Димковски соопшти дека македонските вина прават сериозен пробив на европските и странски пазари и тоа е добро за нашата економија и за афирмација на нашата земја. Расте извозот на вино во шише, а паралелно и наградите за македонските вина на меѓународните саеми.

– Во периодот што следува уште повеќе ќе вложуваме во промоција на македонските вина на меѓународните пазари преку мерките од новите програми на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – рече министерот.

Тој нагласи дека лозарството е стратешка извозна гранка која мора да се развива и унапредува. Како Влада, додаде, покажавме голема грижа за лозарите и за решавање на проблемите со кои тие се соочуваат.

– Нам ни е важно лозарите да продолжат да произведуваат квалитетно и убаво грозје. И оваа година пред новата реколта исплатени се субвенциите за одржување лозови насади за да можат лозарите навреме да ги извршат потребните агротехнички мерки. Ги вративме парите кај лозарите, решивме еден наследен и долгогодишен проблем, а тоа е ненаплатениот долг од неколку винарии што претставуваше блокада за работата на лозарите. По овој основ досега исплативме 100,5 милиони денари – нагласи Димковски, честитајќи го денешниот празник Св. Трифун и упатувајќи успешен почеток на новата производствена година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бугарските велингденски трпези без македонско јагнешко

saso user

„Фич”: Фундаментите на банкарскиот сектор на Македонија и натаму се здрави

saso user

Владата ќе ја одржи 161 седница

saso user