Македонија

Заев во постојана координација со пратеничката група

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и координаторот на пратеничката група на владејачката партија Јован Митрески се во постојана координација, а тие имале координација и попладнево, потврдија од СДСМ за МИА.

Претходно високи партиски извори од СДСМ за МИА истакнаа дека Заев не се наоѓа во Собранието, ниту дека се планирани средби со собранискиот спикер Талат Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Како што наведуваат од СДСМ, додека не помине Законот за ЈО нема да се одржи седницата на која на дневен ред е предлогот за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која првично беше закажана за денеска во 15 часот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, пак, најави дека законодавниот дом ќе продолжи со работа без прекин, додека не биде распуштен, а последниот рок за тоа е 16 февруари, согласно договорениот датум на лидерската кај претседателот Стево Пендаровски, предвремените избори да се одржат на 12 април.

Во Собранието од попладнево се одржува 135 седница на која на дневен ред е законот за јавно обвинителство и измени и дополнувања на законот за Совет за јавни обвинители.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Внимателно возете, се лизга на патиштата

saso user

Жерновски: Oчекувам Брисел конечно да го објави доделувањето на датумот

saso user

Утре ќе се одлучува дали Катица Јанева ќе остане во Шутка

saso user