Бизнис

Грција за 98,6 отсто ја намали употребата на пластични кеси во супермаркетите

Од 1,8 милијарди во 2017, бројот на пластични кеси во супермаркетите во Грција, во 2019 се намалил на 24 милиони, односно за 98,6 отсто, според податоците на грчкиот Институт за истражување на малопродажни производи, јави дописничката на МИА од Атина.

Резултатите од истражување, за кои од Институтот велат дека се особено охрабрувачки, се однесуваат на големите супермаркети и на пластичните кеси со дебелина од 15 до 50 милиметри за кои од 1 јануари 2019 се плаќа такса од 0.07 евро + ддв.

Во 2017, употребата била 167 кеси по жител, а во 2019 се намалила на само две.

Паралелно, грчките домаќинства во изминатите три години се снабдиле со над 17, 3 милиони кеси за повеќекратна употреба.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Белгиските вафли и германската торта со сирење на светскиот пикник во Градски парк

saso user

Нов ценовен шок горивата и бензините поскапуваат од 2,5 до три денари, дизелот 1,5 денар

saso user

Израелски инвеститори во потрага по млади ИТ претприемачи од Македонија

saso user