Сцена

Васил Гарванлиев на Евровизија 2020 со песната „YOU“!

По преслушување на пристигнатите композиции на јавниот повик, како и детална анализа на понудениот музички квалитет од страна на домашните, но и автори од странство, Македонската Радио Телевизија заедно со овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев одлучи композицијата со наслов „YOU“, на авторот Невенка Нешкоска, да биде песната со којашто Васил ќе настапи на Евровизија 2020 во Ротердам.

Невенка Нешкоска е македонска композиторка и продуцент, родена во Охрид, но порасната во Чикаго. Невенка има завршено на отсекот за композиција на колеџот за музика „Беркли“ во Бостон и е добитник на награда за најдобра светска песна на „USA Songwriting Competition“. Таа и сестра и Калина, која исто така учествуваше во пишувањето на песната “YOU,” се креаторите на музичкиот цртан Дарко Биберко.

Песната „YOU“ е авторско дело на Невенка Нешкоска, којашто ја создаде музиката, текстот е дело на Невенка Нешкоска, работен заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска, како и колешката од „Беркли“, Алис Шредер.

Песната  “YOU” Невенка ја започна со визија да ги претстави моќниот глас и интерпретација карактеристични за Васил на целиот свет.

Во моментов се работи на продукциско оформување на песната, по што следуваат и повеќе детали за неа, како и официјалниот датум на промоција.

Македонската Радио Телевизија им се заблагодарува на сите автори коишто пројавија интерес и се одзваа на јавниот повик, понудувајќи ги своите музички проекти.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Гоца Тржан шокира: Простете го неверството веднаш за да не добиете рак!

saso user

Канал 5 се избори на манифестацијата МАС во Белград да бидеме именувани како Македонија

saso user

Бебек со Селма од песната на „Бијело Дугме” го прославија нејзиниот 90. роденден ФОТО

saso user