Балкан

Ќе се укинат американските визи за Хрватите

САД треба да ги укинат визите за Хрватите до крајот на годинава, а двете држави ќе потпишат договор за избегнувње двојно оданочување, изјави во Минхен хрватскиот министер за надворешни работи и европски прашања Гордан Грлиќ Радман.

Хрватска, Романија, Бугарија и Кипар се единствените членки на ЕУ на кои САД се уште не им ги укинале визите. Полска беше исклучена од визниот режим кон крајот на минатата година.

Радман се состана со американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Минхен и по средбата истакна дека и визите и двојното оданочување треба да бидат решени до крајот на годината.

– Ние ги исполнивме сите (услови) и ова е актуелно прашање. Тоа е во интерес и на хрватските и на американските бизнисмени – истакна Грлиќ Радман пред новинарите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Диви свињи шетаат по Белград, ги има и на Калемегдан ВИДЕО

saso user

Заев му честита на Курти за изборната победа, но не и Рама

saso user

Анархисти упаднаа во дворот на турскиот конзулат во Солун, 10 приведени

saso user