Балкан

Поради коронавирусот во Словенија голем пад на бројот на туристи од Кина

Туристичките работници во Словенија се загрижени поради големиот пад на бројот туристи кои доаѓаат од Кина. И покрај тоа што се свесни дека причината за тоа е коронавирусот, се жалат дека значително се намалиле ноќевањата и прометот на туристичките места кои традиционално се посетувани од кинеските туристи, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Најголемо намалување на бројот на туристи од Кина има во туристичките центри како Блед и Постојна.

Минатата година во Словенија дошле речиси 99.000 кинески туристи кои оствариле 160.000 ноќевања. Поради овие бројки Словенечката туристичка организација (СТО), кинескиот туристички пазар го означи како еден од најперспективните.

Во споредба со 2018 година, минатата 2019 бројот на туристи од Кина се зголемил за 13,5 отсто, а бројот на ноќевања за дури 17,1 отсто.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Косово пропаднаа преговорите за формирање на новата влада

saso user

Стабилна е здравствената состојба на Вучиќ

saso user

БиХ: Голема полициска акција, уапсени најмалку 20 луѓе

saso user