Балкан

Мета: Нека бараат толкување и од НАТО ако сакаат, ама јас не мрдам од функцијата!

Албанскиот претседател Илир Мета во интервју за Еуроњуз Албанија, рече дека ќе продолжи да биде претседател на државата сè до завршување на неговиот мандат на 24 јули 2022 година.

Ова во врска со иницијативата во парламентот за негово разрешување и барањето мислење од Венецијанската комисија околу неговата уредба за одложување на локалните избори на 30 јуни 2019 година, со која според владејачкото мнозинство го прекршил Уставот.

– Не во Венеција, туку во НАТО нека бараат толкување и мислење. Оваа работа е завршена. Јас ќе бидам на функцијата до 24 јули 2022 година – изјави Мета.

Тој додава дека не бил гласан од ова Собрание, за што е многу среќен.

– Не сум гласан од ова Собрание и многу сум среќен за тоа. Ситуацијата во парламентот не е нормална, а тоа е одговорност на двете страни. И мнозинството кое го ограничи просторот на опозицијата, но и опозицијата што избра да ги делегитимизира институциите – оценува Мета.

Порача дека се заколнал пред албанските граѓани дека ќе го заштитува Уставот и оти ќе се соочи со секој кој ќе го прекрши.

– Ќе се соочам со секој што ќе го допре Уставот. Во тоа се сигурни сите, како во мнозинството, така и во опозицијата – рече претседателот Илир Мета.

Обвини дека законодавниот дом прави нелегитимни активности откако пратениците на главната опозиција се откажале од мандатите и оти најдобро би било да се самораспушти.

Фото: EPA / Malton Dibra

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вучиќ: За десеттина дена завршуваат работите на автопатот кон Северна Македонија

saso user

БиХ се обврзала дека нема да ја окупира Месечината и дека во Вселената нема да користи нуклеарно оружје

saso user

Грчкиот Парламент одобри прелиминарна истрага за ексминистерот од СИРИЗА

saso user