Спорт

Мбапе ќе зема плата колку Меси и Кристијано

Пари Сен Жермен планира да му понуди астрономска плата на Килијан Мбапе, со цел да го задржи на „Парк де Пренс“ во наредните години.

На францускиот напаѓач му остануваат уште две и пол години од неговиот договор, но Реал Мадрид е подготвен да направи официјална понуда за 21-годишниот светски шампион.

Директорот на клубот Леонардо лично се зафатил со мисијата да преговара со Мбапе и неговата придружба, откако го убедил раководството на клубот дека ова е цел бр. 1 пред тимот. Наместо да го продаде Мбапе за рекордна сума, ПСЖ ќе се обиде да му понуди иста плата на играчот, како што добиваат Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Ова значи дека Мбапе ќе добие годишна плата од 50 милиони евра, а тоа треба да го задржи во Париз.

Ливерпул ја следи состојбата на стрелецот, а европскиот клупски шампион се очекува да даде предлог за фудбалерот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тим победник на АТП турнирот во Барселона

saso user

Мурињо: Оваа сезона веќе не сметам на Сон

saso user

Инфантино: Судиите ќе прекинуваат натпревари во случај на расизам

saso user