Бизнис

МИОА: Стаменковска Стојковски не ги разбира податоците

Дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски, на денешната прес конференција, посочи дека не ги разбира податоците кои ги добива од надлежните институции во однос на бројот на вработувања во нашата држава, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

– МИОА ги добива истите извештаи кои од Агенцијата за вработување се доставени и до заменичката Стаменковска Стојановски. За нас се разбирливи, а биле разбирливи и за претходните министри во МИОА.

Од друга страна, посочува бројка од 40.000 вработени во јавниот сектор. Доколку, податоците кои ги добива се неразбирливи и нецелосни, со што ја поткрепува оваа бројка. Кои се изворите од каде ги црпи овие податоци?

Дополнително, во своето излагање спомена голем број на паушални и непроверени податоци, без конкретни докази. Очекуваме и се надеваме на посериозен однос при изнесување на ваков тип на податоци, со оглед на целосниот пристап до информации што и е овозможен, реагираат од МИОА.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Владата наскоро ќе преговара за интерконективниот гасовод со Грција

saso user

Тиквешијата ќе се најде Балкански вински водич

saso user

Европската инвестициска банка најави грант од 10 милиони евра за пречистителната станица во Скопје

saso user