Македонија

Кирацовски: Џафери наместо да Бокисува нека закаже седница за разрешување на Мизрахи

Пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски во клинч со претседателот на Собранието Талат Џафери откако тој побара собранискиот спикер веднаш и сега да закаже седница за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи, а Џафери се изнасмеа и му порача дека нема Фејсбук.

– Џафери наместо да Бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот технички премиер за разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот.

За нивото кое денес го покажа Талат Џафери, не ме личи да зборувам, сам за себе доволно кажа со одговорот на моето барање за закажување седница за разрешување на министерката Мизрахи. Но она за што гласно ќе зборувам е манипулацијата која Џафери ја изврши врз пратениците пред околу година дена на седницата закажана за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски, намерно пречекорувајќи го рокот на истата, по што Велјановски неоправдано го ужива имунитетот до денешен ден.

Нема да му дозволам на Џафери, уште еден обид за играње мајтап во Парламентот. И уште еднаш јасно напоменувам, на пратениците им е смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историски успеси и државни постигања, повторно да бидат „топовско месо”, реагира Кирацовски на одговорот на Џафери.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Правата на лицата со попреченост да учествуваат на избори не се привилегија, туку должност

ohrid_user

Владика Петар: Официјалното признавање на МПЦ е само преку Цариградската патријаршија

saso user

Ќе се бара виновникот за смртта за ресенчанецот, со 200 евра казнет хирургот кој не примил пациентка

saso user