Урбани вести

Меколи Калкин конечно одговори дали бил сексуално злоставуван од Мајкл Џексон

Актерот Меколи Калкин (39) првпат ја отвори душата на темата неговиот однос со починатиот крал на поп музиката Мајкл Џексон.

Малиот Калкин се дружел со 22 години постариот пејач и често бил гостин на неговиот ранч „Недојдија“, каде што другите момчиња, како што тврдеа, биле злоставувани и тоа го опишаа во документарниот филм кој ја „запали“ јавноста.

Калкин, sвездата на филмовите „Сам дома“, зборувал за „Eсквајер“ и категорично демантирал дека некогаш доживеал нешто несоодветно и непријатно, а камоли злоупотреба, од страна на Мајкл Џексон.

– Ако имав што да кажам, одамна би раскажал. Мајкл никогаш не ми направил ништо. Јас не видов на некој друг да му направи нешто. Немам зошто да ја кријам вистината, особено сега кога се зборува за тоа, а тој е мртов. Ако ме прашате зошто молчев сите овие години, ќе се обидам да ви раскажам една приказна. Кога излезе документарецот „Leaving Neverland“, го запознав Џејмс Франк, летавме заедно со авион. Тој ме праша како сум, и веднаш ме праша, дали го гледаше документарецот? Јас се свртев кон него и го прашав: „Дали сакаш да зборуваме за некој твој мртов пријател?“ Сфати. Се засрами и рече дека не сака – раскажала Калкин.

Тој во 2005 година сведочеше во корист на Џексон на судењето за злоставувањето на 13-годишно момче кое страдало од рак.

– Го сретнав во тоалетот на судот. Изгледаше исцрпено. Тој ми рече – ние подобро да не зборуваме сега, нема да ти влијаам на сведочењето. Но, тој се шегуваше. Се прегрнавме и се збогувавме. Тоа беше последен пат кога го видов.”

Во документарецот „Leaving Neverland“, за наводните злосторства прозборија две наводни жртви на Мајкл Џексон, Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, кои раскажале дека кралот на попот сексуално ги злоставувал додека биле деца.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

(Фото-Видео)И, денес активно се гради минарето на АлиПашина Џамија во Охрид, законите за ИВЗ не важат?!

saso user

Милошевски со Гога на Јога барале господ да им ги прости гревовите!

saso user

Прв работен состанок за подготовка на Локален еколошки акционен план за периодот 2019-2025

saso user