Урбани вести

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА „АНАЛИЗА ЗА ЕКОНОМСКИ ИМПАКТ ВО ТУРИЗМОТ“

На ден 14.02.2020 година, петок во 12:00 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи презентација за изработената „Анализа на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид.

Предавачи на темата ќе бидат Проф. Д-р Цветко Андреески и Проф. Д-р Александар Трајков кои ќе зборуваат за значењето на економските влијанија на туризмот во општина Охрид, организацијата на туризмот во Охрид како туристичка дестинација (ДМО-дестинациска менаџмент организација), структурата на потрошувачката во општина Охрид и влијанието врз националниот БДП, анализа на влијанието врз развојот на руралните области во општина Охрид, анализа на објектите за сместување и сервисни дејности со храна во општина Охрид  и за карактеристиките на пазарот на труд (вработеноста) во туристичкиот сектор во општина Охрид.

Се покануваат сите заинтересирани туристички работници, приватни стопанственици, производитети и заинтересирани граѓани  да присуствуваат  на оваа презентација.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ПИСМА: Во Музеј Охрид се прима исклучиво необразовани и нестручни лица по мерак на директорката Новаковска!!

saso user

ЗАПОЧНА 24. ИЗДАНИЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ

saso user

ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2019 ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛЕН СЕЗОНСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

saso user