Сцена

Како изгледа постерот за најновата „Златна бубамара на популарноста“?!

Радио Бубамара го обзнани новиот постер за 23 издание на нашата најпопуларна и најочекувана манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кој го изработил познатиот Ивица Спасовски, кој исто и во 2013 година го изработи и популарниот постер за 16 издание.

„Во духот на слоганот за оваа година ‘Нема Правда, има Бубамара‘ постерот на 23 издание отсликува еден дел од настаните од изминатата година, а за најубавите моменти  ќе се погрижат најголемите уметници, спортисти и музички имиња кои заедно со екипата на Бубамара подготвуваат незаборавно шоу кое ќе се памети  во наредните децении. Празникот на смеата, убавата и чиста мисла оваа година се паѓа во четврток на 27 февруари“, велат од Радио Бубамара.

Фото: Радио Бубамара

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Први фотографии од ќеркичката на Енрике Иглесијас и Ана Курникова ФОТО

saso user

Актерот ја изгуби долго криената битка со ракот

saso user

Прекинато снимањето на „Џејмс Бонд“, Даниел Крег се повредил

saso user