Досие Македонија Топ вести

МНР И ВЛАДАТА ДА ГО МУ ГО ОДЗЕМАТ АГРЕМАНОТ НА САШО ЈАНАКИЕВСКИ (ЕКО КЛУБ) ЗА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МАЏАРСКА ВО РСМ.

Министерството за надворешни работи на РСМ по поднесената Кривичната пријава во предметот за третманот на медицинскиот отпад од страна на фирмата „Еко клуб“ од Битола и нејзиниот сопственик Сашо Јанакиевски, лице со Дипломатски Титулар – Почесен Конзул на Маџарска во РСМ, по поднесена Кривична пријава оод страна на Главниот инспектор во Град Скопје на 13.12.2019 година до надлежно Јавно Обвинителство, должно е веднаш и без одлагање да испрати Протестна Нота до претседателот на Маџарска, со барање за отповикување на Дипломатски Титулар – Почесен Конзул на лицето Сашо Јанакиевски .

Како што објавија и од ЈО на РСМ, Главниот Испектор на Град Скопје, поднел  Кривичната пријава во предметот за третманот на медицинскиот отпад од страна на фирмата „Еко клуб“ од Битола на записник ја поднесе Главниот инспектор во Град Скопје на 13.12.2019 година.

Државата со која Република Македонија има дипломатски или конзуларни односи може да именува почесен конзуларен функционер (почесен конзул) согласно Член 93 од У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ на РСМ, на кој начин е утврдено и правото лицето Сашо Јанакиевски да има статус на Почесен Конзул на Маџарска во РСМ.

Почесниот конзул работи согласно со упатствата и под надзор на шефот на надлежното дипломатско-конзуларно претставништво, во наведениот случај работи по упатства и надзор на Амбасадорот на Маџарска во РСМ. За сите позначајни работи се консултира со шефот на надлежното дипломатско-конзуларно претставништво (Амбасада на Маџарска). Во јавни настапи се однесува согласно со насоките на Министерството. За својата дејност тековно го известува надлежното дипломатско-конзуларно претставништво и со него ја усогласува својата работа.

Почесниот Конзул на Маџарска во РСМ Сашо Јанакиевски, работи и делува согласно член 86,  за вршење на конзуларни, стопански и информативно-културни дејности, во постапката предвидена во членот 86.

Со оглед на фактот ,дека граѓанинот на РСМ со титулар Почесен Конзул на Маџарска во РСМ има дипломатски статус на држават која го акредитирала, во конкретниот случај Маџарска, а за чие прифаќање не дала согласност Агреман(Одобрение, согласност од една држава за прифаќање на дипломатски претставник од друга држава) Владата на РСМ, во наведениот случај МНР и Владата на РСМ се должни да донесат соодветна одлука, со која ќе ја отповикаат одлуката за одобрување на Агреманот за назначување на Почесен Конзул на лицето Сашо Јанакиевски на Маџарска во  РСМ.

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Загрижени интелектуалци: Рамковната позиција на Софија за преговорите на Скопје е понижувачка

saso user

„Halloween-пост парти“на Општина Охрид продолжува на „Прав пат“ мало (кама)сутра!!!

saso user

Одлучувачки два дена за Македонија, лидерите на ЕУ решаваат дали ќе ги почнеме преговорите

saso user