Досие Македонија Топ вести

МИЦКОВСКИ СО НАПЛИВ НА ХИСТЕРИЧЕН РЕАЛИЗАМ ЌЕ ГИ СПАСУВА ГРУЕВСКИ, КАМЧЕВ И ОСТАНАТА КРИМИНАЛНА БАГРА??

Христијан Мицковски еволуира со примена на својата нова Метафизичка идеологија, која сака да ја наметне кај граѓаните на Македонија. Од како цели 12 години ВМРО ДПМНЕ предводена од својот  докажан криминалец Ментор Никола Груевски, правеа пиши бриши со законите во РСМ, наеднаш барокните криминалци пласираат сега стар стил, во ново пакување, по налог на нивниот ментор – криминалец  Груевски, Мицковски во очајнички обиди да наметне ХИСТЕРИЧЕН РЕАЛИЗАМ!

ЗА МИЦКОВСКИ И ВМРО ДПМНЕ ЗАКОНИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ПИШУВААТ КАРАКАМИШЕВА, МИХАЈЛО И ФИЛИМЕНА МАНЕВСКИ?!

Мицковски во напливот на својот Хистеричен реализам се огласи преку социјланите мрежи со свој статус, признавајќи дека „Како држава не смееме повеќе да грешиме“. Го немаме тој луксуз ниту пак граѓаните го даваат тоа право. Само така Македонија ќе има иднина“, и до тука е во право, од едноставна причина што народот повеќе ниту смее да погреши да биде слуга на криминалната багра која цели 12 години ја разнебити државата и државното уредување. Мицковски заборавил како функционираше неговото, нивното ВМРО ДПМНЕ, како се носеа преку ноќ закони, кој беа само тесен партиски интерес на криминалната врхушка од ВМРО ДПМНЕ.

Точно е дека како народ не смееме повеќе да грешиме, да дозволиме „тате“ Михајло Маневски и неговата Филимена со асистенција на Каракамишева да ни кројат нови закони по теркот на криминалната багра од ВМРО ДПМНЕ. Како народ повеќе не смееме да дозволиме што би рекол нивниот финасиски гуру Зоран Ставревски „Ние сме лудаци, немаме за леб, а купуваме чоколада“!, се сеќава ли Мицковски на ова епохална забегана дијагноза која ја истакна Ставревски во својот разговор со МВРО ВМРО Гордана Јанкуловска ?!

Точно е дека како народ не смееме повеќе да дозволиме законска амнестија на криминалите и геноцидот кој го направи ВМРО ДПМНЕ предводена од криминалецот Никола Груевски и, тука нема компромис.

Доколку Христијан има чисти намери, во што искрено нит во сон верувам, не излезе јавно пред македонскиот народ, јасно и гласно да ги осуди криминалите на неговите ментори од ВМРО ДПМНЕ и јавно да се огради и осуди криминалецот Никола Груевски ?!

Со што ли е уценет Христијан Мицковски од Никола Груевски? Дали Груевски и некој други поседуваат некој видео материјали и разговори на Мицковски со извесна старлета од Р.Србија и една дама од Струга ???Со што е уценет Мицковски од Орце Камчев, од Самсоненко, за да мора од петни жили да се бори за нивна амнестија, секако на терет на граѓаните на неговата „омилена“ Македонија ?!

П.С.

Го замолуваме претседателот на СДСМ Зоран Заев, онака како што му даде 2000,оо денари на Бездомникот, да му даде јавно 2000,оо денари и на Христијан Мицковски. Причината е едноставна, лут е Мицковски на потегот на Заев, 2000,оо денари биле голема пара, повеќе од неговата дневница како редовен професор! Заев дај му на Христијанчо 2000,оо денари, не е во ред професорот да пати.

Сашо Денесовски -Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ќе се бара виновникот за смртта за ресенчанецот, со 200 евра казнет хирургот кој не примил пациентка

saso user

Никој не го спомнува „тоа на С“ пред избори

saso user

Могерини – Пендаровски: Северна Македонија треба да добие датум за преговори

saso user