Досие Македонија Топ вести

Вистината за „ЕКО КЛУБ“ Битола и поврзаноста со Никола Груевски и семејството Иванови (дел 1-ви)

Скандалот кој изби со несоодветно депонирање на медицински отпад во депонијата „Дрисла“ во Скопје, од страна на градоначалникот на град Скопје Петар Шилегов, вината беше вперена кон битолската фирма „Еко Клуб“ ДООЕЛ Битола. „ЕКО КЛУБ“ Дооел Битола е регистрирана од месец октомври 1990 година, но својот процут во бизнисот го прави со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт во 2009 година благодарение на тесните врски помеѓу сопственикот на Компанијата Сашо Јанакиевски кој е почесен конзул на Маџарска во РСМ и неговата сопруга која исто така е конзул на УНЕСКО (за ова  ќе пишуваме деновиве нахнадно). Во 2009 година „ЕКО Клуб“ ДООЕЛ Битола станува најбитен фактор во делот на бизнисот со отпад во РСМ, па така користејќи бројни меѓународни грантови (редакцијата Охридскај ќе обзнани за манипулаците со европските пари), како и неповратни доделени средства од Владата на РСМ за наводна подигање на еколошка свест буквално со наредба на Груевци се втемели како главен играч во подигање на народни пари за наводна подигање на  еколошка свест?!

Поврзаноста на сопствениците на „ЕКО КЛУБ“ ДООЕЛ Битола со Виктор Орбан ги втемелија уште подлабоко бизнис релациите помеѓу Груевски и сопственикот на „ЕКО КЛУБ“, длабоко на релација спротивна со Законите. ЕКО КЛУБ 4 години се втемелува како главен играч во следните категории:

1.Подигање на отпад

2.Поставување на мобилни санитарни вециња на сите концерти, јавни настани, но и в долж автопатите  и граничните премини на РСМ

3.Еден од главните „фраери“ во бизнисот  со осветлување како приватен партнер

4.Чистење на улици и патишта, а посебно на наплатни станици и гранични премини, но и институции во РСМ

  1. Подигање и ускладиштување на т.к.н специјален отпад
  2. Подигање и ускладиштување на медицински отпад, или претставува единствената лиценцирана компанија со сите дозволи потреби за работа за опасен медицински отпад

7.Рециклажа, сортирање откуп на секундарни суровини, како и продажба и сервис на хидроулични преси

  1. Продажба на специјални половни и нови наменски возила за собирање на комунален отпад кој во поголем дел во едно време државата ги добивала како донација, а кои завршувале по пазарни цели во комуналните претпријатија во РСМ

Доколку се погледне референтната листа која ја има „Еко Клуб“ 10 години наназад ќе се увиде дека оваа фирма 10 години наназад е алфа омега во подигање медицински отпад  буквално во сите здравствени институции во РСМ.

Во прилог каде се царува фирмата „ЕКО КЛУБ“ во здравствените институции во РСМ:

ЈЗУ Герентолошки завод- Скопје – ЈЗУ Дом за стари лица ’’Сју Ридер’’-Битола – ЈЗУ Завод Бања Банско-Струмица – JЗУ Завод за Неврологија-Струга – ЈЗУ Завод за Рехабилитација-Отешево – ЈЗУ ЗД Прим.Д.р. Ѓорѓи Гаврилски-Св.Николе – ЈЗУ ЗД Струмица-Струмица – ЈЗУ ЗДР Нада Михајлова-Пробиштип – ЈЗУ ЗДР-Македонски Брод – ЈЗУ Здравстен дом-Тетово – ЈЗУ Здравстен дом-Берово – ЈЗУ Здравстен дом-Битола – ЈЗУ Здравстен дом-Вевчани – ЈЗУ Здравстен дом-Велес – ЈЗУ Здравстен дом-Виница – ЈЗУ Здравстен дом-Гевгелија – ЈЗУ Здравстен дом-Делчево – ЈЗУ Здравстен дом-Демир Хисар – ЈЗУ Здравстен дом-Валандово – ЈЗУ Здравстен дом-Кавадарци – ЈЗУ Здравстен дом-Кичево – ЈЗУ Здравстен дом-Кочани – ЈЗУ Здравстен дом-Крушево – ЈЗУ Здравстен дом-Неготино – ЈЗУ Здравстен дом-Охрид – ЈЗУ Здравстен дом-Пехчево – ЈЗУ Здравстен дом-Прилеп – ЈЗУ Здравстен дом-Радовиш – ЈЗУ Здравстен дом-Ресен – ЈЗУ Здравстен дом-Струга – ЈЗУ Кардиолошки Завод-Охрид – ЈЗУ Клиничка Болница-Битола – ЈЗУ Клиничка Болница-Тетово – ЈЗУ Клиничка Болница-Штип – ЈЗУ Општа Болница-Велес – ЈЗУ Општа Болница-Гевгелија – ЈЗУ Општа Болница-Кавадарци – ЈЗУ Општа Болница-Кичево – ЈЗУ Општа Болница-Кочани – ЈЗУ Општа Болница-Куманово – ЈЗУ Општа Болница-Охрид – ЈЗУ Општа Болница-Прилеп – ЈЗУ Општа Болница-Струга – ЈЗУ Општа Болница-Струмица – ЈЗУ Панче Караѓозов-Штип – ЈЗУ Плодност-Битола – ЈЗУ Психијатриска Болница-Демир Хисар.

Она што изненадува е фактот што во сите јавни повици во здравствените установи на електронските аукции фирмата „ЕКО КЛУБ“ ги намалува цените  и за 30% од пазарните, па така другите учесници на јавните повици се откажуваат  со образложение дека никој во иксторијата на Европа не може да даде толкава ниска цена за подигнување, уништување, ускладиштување на медицински отпад и дека надвор од здрава одлука доколку се работи според законските норми да се даваат така ниски цени?!

Редакцијата Охридскај во наредните денови ќе обзнани кое е лицето Сашо Јанакиевски, сопственик на ЕКО КЛУБ Битола, неговата поврзаност лична со Никола Груевски, „фамилијарната“ поврзаност со Маја и Ѓорѓе Иванови што ќе даде јасна слика кој тоа фрлил човечки органи на депонија и како за тоа се наплатуваат милиони.

Продолжува…

Сашо Денесовски-Охридскај

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Принцот Едвард повторно во Македонија

saso user

Данска на 1 март го почнува процесот за ратификација на протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО

saso user

„Лице в лице“ го слави седмиот роденден

saso user