Бизнис Досие Македонија Топ вести

СЛОЖНИТЕ ОХРИДСКИ СОВЕТНИЦИ – МАНИПУЛАТОРИ И ВО ПЕТОК МРСАТ, А ГО ОБВИНУВААТ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ?!

Манипулатори се луѓе кои совршено го скриваат нивното вистинско лице, вешто глумат и имаат одлични комуникациски вештини. Нивната главна цел е да управуваат со други луѓе за да го постигнат она што е во нивен личен интерес.

СЛОЖНИТЕ СОВЕТНИЦИ – МАНИПУЛАТОРИ И ВО ПЕТОК МРСАТ!

Дивоградбите во Охрид, веќе подолг временски период преставува дегутантна тема, која во јавноста ја наметнуваат политичките манипулатори, кој за жал често се наоѓаат на високи позиции во светот на бизнисот, бидејќи добро знаат што да прават за да стигнат до таквите позиции.

Советот на Општина Охрид заседаваше да донесе одлука за акциски план за рушење на дивоградбите, но веднаш се увиде, дека оние најгласни политички манипулатори, кој го користат секој јавен настан, да укажат и вперат прст за вина кон градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски?! Кога дојде време да се изгласа одлуката за отстранување на дивоградбите, тие најгласните, повторно во силот на врвни Манипулатори, никогаш не преземаат одговорност за своите постапки, вешто  избегнувајќи ги ситуациите во кои можат да ги обвинат, одговорноста ја префрлаат на некој друг или ги оправдуваат своите постапки, па така и сега, советничката група на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во советот на Општина Охрид си ја поделија манипулаторската совест, едните воздржани, другиот против, додека СДСМ и ако мнозинство во советот на Општина Охрид не успеа да си обезбеди мнозинство ?!

Чии интереси се засегнати ?

Од една страна она што добро се знае не само во Македонската, туку и во светската јавност е однесувањето на советникот во Совет на Општина Охрид од редовите на ДУИ Нефи Усеини. Тој јавно и на спорната седница на совет си укажа дека е сопственик на плажа „Бела Виста“ и дека нема намера да гласа за акциски план за рушење на диви плаши и дивоградби ?! И за жал ваквиот факт поминува, за неговото однесување и развојот на дивоградбите пишувавме и в’чера.

Од друга страна советниците од опозицијата ВМРО ДПМНЕ тргнаа манипулаторско-братски да ги заштитат своите лични интереси, но и интересите на поединци од врвот на ВМРО ДПМНЕ.

Манипулаторите од ВМРО ДПМНЕ, историски  често користат некои морални фрази за да ги истакнат вредностите што самите не ги почитуваат.Така како сопственици на дивоградби во заштитеното подрачје на Охрид се појавуваат видни имина од врвот на ВМРО ДПМНЕ, како на пример:

Алекасандар Николовски потпретседател на ВМРО ДПМНЕ има своја дивоградба во елитната населба „Свети Стефан“ на 5 метри од обалата на Охридското Езеро со квадратура во основа од над 1500 мкв.

Спиро Ристевски е прикриен сопственик на Ресторан „Острово“ кај Свети Наум, прикриен сопстевник на платформата „Ноа“ во строгиот центар на Охрид во делот на најзаштитено подрачје место викано Ј’но во Охрид , но и како сокриен сопстевник на неколку објекти во месноста Трпејца.

Видни членови на ВМРО ДПМНЕ Охрид сосптвеници се на плажите „Потпеш“,„Немо“ , „Горица 3“, „Атлантис“,„Кадмо“, „Голден Бич“ и други дивозиградени објекти, кој и кога склучиле договори за концесија, онака преродбеничко манипулаторски истите ги изиграле, па така наместо времени монтажни објекти, изградиле цели бетонски зданија …

Личниот интерес на манипулаторите го надгласаа јавниот општествен државен интерес. Дали државата РСМ ќе се справи со ваквите сериозни извршени Кривични Дела, или пак државата РСМ ќе биде и понатаму заложник на поедини манипулатори, кој за жал често се наоѓаат на високи позиции во светот на бизнисот и политиката, останува да покаже времето.

Државта и системот се на сериозен тест пред себе, да покаже дали државта има систем на владеење на законите  или криминалците си имаат свој систем наречен приватна држава ?

Сашо Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Милошоски бара оставка од директорката на КИЦ, се луксузира како да е во Шведска

saso user

Партијата за движење на Турците е за заеднички кандидат за претседател

saso user

По реакциите за Бени Шаќири: Шилегов ќе пресече кој ќе биде директор на МКЦ

saso user