Свет

Хендрик Даемс избран за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа

На почетокот од годинашнава сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, парламентарците од 47 земји членки на најстарата паневропска организација го избраа белгискиот сенатор Хендрик Даемс за свој претседател, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Претседателството со ПССЕ е ротирачко меѓу парламентарните групи, белгискиот сенатор доаѓа од групата на Европските демократи либерали со мандат од една плус една година, тој на оваа функција ја наследи швајцарската парламентарка Лилијан Мори Паские.

За новоизбраниот претседател на ПССЕ, „ предизвик е да се биде претседател на ПССЕ“, нема сомнение – но мојот претходник направи неверојатна работа. Со неа пловевме низ невреме, но успеа да најде консензус: „Ви ја симнувам капата Лилијан!“

Хендрик Даемс е член на ПССЕ од 2007 година со прекин од 2010 до 2014.

Веднаш по изборот, во својот инаугуративен говор Даемс им се заблагодари на оние кои му помогнаа да дојде до функцијата. Притоа тој предупреди: Ќе бидам многу активен претседател!

– Потребни се двајца за танго – но потребни се тројца за танцување! – рече новиот претседател.

Тој рече и дека ќе работи напорно ПССЕ, Комитетот на министрите и Генералниот секретар за да работат заедно.

Претседателот рече дека поврзаноста меѓу човековите права и животната средина ќе биде приоритет за него – тој повикува на нов протокол на Европската конвенција за човековите права за климата. Комитетот на Министрите на Советот на Европа ќе започне со работа наскоро во оваа насока според старата препорака на ПССЕ во оваа насока.

Според него, може да има и промени во начинот на кој ќе функционира ПССЕ.

– Потребна ни е политика со резултати, треба да влијаеме врз секојдневниот живот на нашите 830 милиони граѓани. Треба да имаме вистинско влијание работејќи со националните парламенти – посочи тој.

-Интересите се делат, но вредностите се обединуваат. Ние сме испратени од нашите национални парламенти, но се сомневам дека сме испратени тука само за да ги поддржиме нашите национални интереси. Сите сме обединети со нашата посветеност кон Европската конвенција за човекови права! – нагласи новиот претседател на ПССЕ.

Тој додаде и :

-Можеби сме Совет на Европа, но ние сме и Совет на Европејците – ги негуваме и ги поддржуваме истите вредности, тоа е она што значи „единство во различностите“, ова е она што е Советот на Европа за сите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Фарбите за коса го зголемуваат ризикот од рак на дојка

saso user

Почна уништувањето на оружјето во Нов Зеланд

saso user

Канадски офицери ќе ловат покемони во базите

saso user