Свет

Итен состанок на ЕУ во Пекинг за коронавирусот

Делегацијата на Европска Унија во Пекинг денеска ќе одржи итен состанок за да ја координира репатријацијата на европските граѓани, кои се наоѓаат во Кина за да се ограничи заразата од коронавирусот.

Во соработка со кинеските власти, делегацијата на ЕУ ќе бара најдобар начин да одговори на барањата на европските граѓани кои бараат да бидат итно екстрадирани, по состанокот се очекува делегацијата да ги соопшти мерките што ќе се преземат. Целта е делегацијата на ЕУ да ги координира заеднички барањата за екстрадиција на сите 27 земји членки на Унијата.

Европскиот центар за спречување и контрола на болести порача дека овој вирусот останува помалку смртоносен од СРАС, но дека постојано се набљудува состојбата и дека за сега не може со сигурност да се тврди дека вирусот нема да стане поопасен.

Белгискиот епидемиолог, Марк Ван Ранст за медиумите изјави дека недостасува транспарентност од кинеските власти околу бројот на непотврдените случаи на зараза.

– Кинеските власти транспарентно ги соопштија 2.700 потврдени случаи, но не кажува колку има непотврдени, нивните драстични мерки отвораат сомнеж дека ситуацијата е можеби посериозна отколку што велат, во секој случај мораме да бидеме подготвени – изјави едидемиологот Ранст.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кирк Даглас успеал веднаш да се сретне со Тито, а британскиот амбасадор извисил ВИДЕО

saso user

Хрват го урна светскиот рекорд во нуркање на здив заради својата аутистична ќерка

saso user

Болсонеро: Немав никаква причина да убијам било кого во Рио де Жанеиро

saso user