Балкан

Делегација предводена од Царовска на одбележување на 75-годишнината од ослободувањето на логорот Аушвиц

Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска отпатува во Република Полска каде што денеска попладне, како предводник на делегација од нашата земја, заедно со претставник на Еврејската заедница во Македонија, ќе присуствува на „Одбележување на 75 годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау”.

На комеморацијата ќе присуствуваат голем број членови на кралски семејства, претседатели, премиери, министри и други официјални лица од меѓународните организации и од држави од Европа и светот.

Официјалните активности поврзани со „Одбележувањето на 75-годишнината на ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау ќе започнат со обраќањето на претседателот на Република Полска,  Анджеј Дуда, по што следува и главното обраќање од преживеани лица од Аушвиц.

Со одлука на Генералното собрание на ООН  27 јануари е утврден како Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дитмир Бушати лидер на Самоопределување – Албанија

saso user

Европските лидери ќе положат 10 заклетви: Без поделби на ЕУ на исток и запад

saso user

„Њујорк тајмс”: Власта на Еди Рама е неповредлива, поддржана од САД и ЕУ

saso user