Сцена

Мадона го откажа првиот концерт во Лондон

Мадона го откажа првиот од 15 – те закажани концерти во Лондон, што требаше да се одржи утре.

Фановите вчера биле известени за откажување на концертот со пораки, и им е понуден поврат на парите за билети, соопшти Ticketmaster.

Концертот требаше да се одржи во лондонскиот Паладиум, 100-годишен театар, со 2.300 места.

Следниот концерт ќе се одржи во истиот театар во среда, според веб-страницата на лондонскиот Паладиум.

Концертите на Мадона ќе се одржуваат во Лондон до 16 февруари.

60-годишната „кралица на поп музиката“ ги откажа концертите во Лисабон минатата недела, по што напиша на Инстаграм дека „мора да го слуша своето тело и да се одмори“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Шокантни тврдења на актерот од „Кум“: Мерлин Монро ја уби Кенеди! (ФОТО)

saso user

Венецуела гладува, богатите деца на социјалистичката елита се луксузираат

ohrid_user

По 33 години Том Круз е повторно Маверик: Објавен трејлерот за „Топ ган“ ВИДЕО

saso user