Спорт

ЕХФ и официјално: Дувњак е најдобар ракометар на ЕП 2020

Домагој Дувњак е прогласен за најдобар ракометар на 14. Европско првенство што завршува попладнево со големото финале меѓу Шпанија и Хрватска.

Лидерот на „коцкестите“ постигна 31 погодок во осумте настапи за националниот тим на континенталниот турнир и забележа 69 отсто прецизност во ударите кон противничкиот гол.

Дувњак беше непогрешлив и од линијата за седум метри. Ги погоди сите шест пенали за кои презеде одговорност како изведувач, направи 11 асистенции, „украде“ седум топки и постави две блокади.

Во 2006 година беше прогласен за МВП и на младинското Европското првенство на кое ја предводеше Хрватска до златниот медал.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Арсенал дал 15 милиони фунти за да го земе Себаљос на заем

saso user

Солскјер: Погба ќе остане во Манчестер јунајтед

saso user

Надал се откажа од дуелот со Федерер

saso user