Бизнис

Хрватите протестираа против 5G технологијата

Протести против воведување на 5G технологија се одржаа денеска во хрватските градови Загреб, Карловац и Риека.

Во Загреб собирот се одржа на плоштадот „Бан Јелачиќ“ наречен „Стоп 5Г Хрватска“, и на него учествуваа собра десетици луѓе, меѓу кои и политичари од опозицискиот „Жив ѕид“, јави порталот Индекс.

Учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше: „На ароганцијата не е место во владата“, „Непроверено, несигурно, непотребно“ и „Ние не го даваме нашето здравје за концесија“, а на собирот можеше да се чуе дека на некои места во Загреб е инсталирана 4Г и 5Г инфраструктура, што е спротивно на регулативата и дека нивото на зрачење е далеку повисоко отколку во ЕУ.

Демонстрантите во Ријека носеа транспаренти на кои пишуваше „Ние не сме експериментални зајаци“, „За здравје, а не за профит“ и носеа жолти балони со шкртнат знак 5Г.

Протест се одржа и во Карловац, во организација на иницијативата на граѓаните „Стоп 5Г“, јавува порталот Ријечанин.ртл.

Инаку, на 25 јануари се одржуваат протести низ целиот свет против 5G технологиите, на кои граѓаните бараат да се стопираат нивното воведување сè додека не бидат истражени долгорочни биолошки ефекти и штетните ефекти врз здравјето на луѓето.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Народната банка започнуваат активностите за подготовка на првата национална стратегија за финансиска едукација на популацијата

saso user

Проектите од „Стартапувај“ отворија 45 работни места со просечна плата од 462 евра

saso user

До 30 април очекувајте Годишна даночна пријава од УЈП

saso user