Балкан

Мета, Рама и Баша зразија сочувство за настраданите во земјотресот во Турција

Албанскиот претседател Илир Мета изрази длабоко сочувство за настраданите во катастрофалниот земјотрес што синоќа го погоди источниот дел на Турција.

Наведува дека во овие тешки моменти тој и албанскиот народ се покрај Турција и пријателскиот турски народ.

„Со длабока загриженост и болка ја следам ситуацијата во пријателска Турција, погодена од трагичниот земјотрес. Многу сум потресен од човечките жртви, им упатувам најдлабоко сочувство на семејствата и нивните најблиски, на целиот турски народ и претседателот Реџеп Таип Ердоган, молејќи се да нема повеќе загубени животи. На сите повредени им посакувам побрзо закрепнување. Во овие тешки моменти јас и албанскот народ сме покрај пријателска Турција“, напша Мета на Фејсбук.

Сочувство за настрадатите изрази и премерот Еди Рама кој на социјалните мрежи напиша дека „несреќата што паднала врз Турција е премногу тажна“.

„Изразуваме солидарност и сме покрај турскиот народ и се молиме Бог да им даде на властите во земјата и претседателот Ердоган сили да се соочат со оваа трагедија“, напиша Рама.

Сочувство изрази и лидерот на најголемата опозициска  партија, Демократската Љуљзим Баша.

„Мое најдлабоко сочувство до турскиот народ и претседателот Ердоган за жртвите од земјотресот. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите. Посакуваме брзо закрепнување на повредените и изразуваме солидарност со народот на Турција“, напиша Баша на Твитер.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вучиќ: КФОР не ја говори вистината дека Белград бил информиран за полициската акција во Косово

saso user

Харадинај: Косово нема да даде територија во замена за признавање

saso user

Државниот обвинител во Хрватска признал дека е масон, можно е да поднесе оставка

saso user