Балкан

Грција понуди помош за потрага по преживеани во земјотресот во Турција

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, доцна синоќа телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ја изразил подготвеноста на Грција, доколку е потребно, да помогне во потрагата и спасувачката акција по вчерашниот земјотрес, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис, изразил сочувство и солидарност од грчкиот до турскиот народ и додал дека Грција е подготвена да помогне во спасувачката акција и во потрагата, доколку биде побарано тоа.

„Турскиот претседател му се заблагодари на премиерот, истакна дека засега ситуацијата е под контрола од турските тимови и дека ситуацијата одново ќе се оцени во утринските часови“, соопштија доцна синоќа од кабинетот на Мицотакис.

Солидарност и поддршка од Грција до турската влада и турскиот народ изразил и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, во телефонскиот разговор со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Паралелно, министерот за надворешни работи на Грција, како што самиот објави преку социјалните мрежи, ја изразил и целосната подготвеност на земјата да понуди неопходна помош.

За таа цел, Дендиас разговарал со министерот за цивилна заштита на Грција со кој се договорил, грчките спасувачки екипи да бидат подготвени, во случај да е потребно, да заминат за Турција.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тензично во Косово, се слушаат пукотници, КФОР повикува на смиреност (ВИДЕО)

saso user

Хашим Тачи: Косово ќе се обедини со Албанија

saso user

Грчкото МНР ги отфрли тврдењата на Чавушоглу за несоодветен третман кон бегалците

saso user