Здравје

Постојано користите спреј за нос? Дури не ни сонувате во каква опасност сте!

Спрејовите за нос не се опојни како алкохолот и дрогата, но можат да предизвикаат зависност, предупредуваат експертите!

Спрејовите за нос ги стеснуваат крвните садови во носот и синусите, намалувајќи го отокот и го ослободуваат „затнатиот“ нос.

Меѓутоа, ако се користи редовно, носот може послабо да реагира на лечењето, поради што честопати се земаат поголеми количини, вели д-р Урсула Селерберг, портпарол на германската фармацевтска комора (BAK).

Затнатоста во носот може да се влоши доколку се престане со користење на спрејови, што е познато како бумеранг ефект.

Сепак, нивната прекумерна употреба може да ги оштети мукозните мембрани и чувството за мирис, потенцијално и вкусот, вели Селерберг.

Тоа може да се спречи со употреба на спрејови најмногу од пет до седум дена по ред. Ако носот остане затнат, се препорачува користење солен спреј за нос кој не претставува ризик од зависност.

Извор: denar.mk

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лек за Ешерихија коли и други опасни бактерии

saso user

Поленот веќе хара, помагаат коприва, камилица…

saso user

Како треба да се храниме за да доживееме стотка?

saso user