Досие Македонија Топ вести

Главниот „Гуру“ на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и неговите 50 промили од следбеници, ќе ни ја кројат судбината.

Јавна медиумска прозивка за тајно мумлање диригирано од Будимпешта и криминалното милие во ВМРО ДПМНЕ околу предлог законот за Јавно Обвинитеслтво, достигна Крешендо во настапите на Мицкоски и неговата свита на „експерти“! Многу нешта се толку многу провидни, особено желбата да се амнестираат личностите, кој патем се главни актери на голгота на цели дванаесет генерации.

ПРЕДЛОГ ЗАКОН СО ФАЛИНКИ ИЛИ БЕГАЊЕ ОД РЕАЛНОСТА?!

Единствено нешто кое не се споменува години наназад е извршеното злосторство со формирање на фамозната Академија за судии и јавни обвинители. Исто така, комплетната дефастација на правниот систем е направена со фамозниот Закон за судии и обвинители (најповикана е да се произнесе Мери Младеновска), кога на судиите и обвинителите им се даде доживотен мандат, наместо да подлежат на реизбор на секој 5 години и од тука започнува македонската правна голгота.

Реалната слика за судиите и обвинителите во РСМ е’ таа која укажува јасно и недвосмислено, дека судиите и обвинителите, оние доживотните забегале, главно се подлежни на корупција, местење на предмети и купопродажба не само на обвинителни акти, туку и на пресуди!? Јавна тајна претставува „ценовникот“ за тоа колку чини: Првостепена пресуда, второстепена пресуда, како и ВПП од Врховен суд! Исто така познат јавно е „ценовникот“ и пред Основно Јавно Обвинителство, Вишо јавно Обвинителство, но овој вториот е малку позапржен од оној фамозен „судски ценовник“, оној на оние доживотните функциоенри, кој делат (не)правда во име на граѓаните на РСМ?!

До 2006 година, додека Мери Младеновска не го предложи законото за доживотен мандат на судии и обвинители, поточно во времето кога одеа на пет годишен реизбор, сведетели бевме на сериозен факт, дека тогаш многу судии и обвинители не го поминуваа реизборот, поради нивно нестручно и несовесно работење и коруптивни скандали.Уште во 1998 година, тогаш ВМРО ДПМНЕ и ДА, го дадоа предлогот за доживотни судии и обвинители, но набргу таквиот предлог закон беше повлечен под силен притисок на меѓународната заедница.

Мицковски и ВМРО ДПМНЕ играат на една карата, а тоа е како да се најде спас за своите сопартици и нивниот главен духовен Гуру Никола Груевски. Законот за Јавно Обвинителство во ниту еден сегмент не им оди во прилог и, од таа дистанца прават буквално све, истиот да не биде донесен, а со тоа да пропаднат сите предмети кој претходно ги водело СЈО, а сега ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција. Воопшто не е случајно одолговлекувањето на сите предмети во Кривичниот суд, воопшто не се случајни ниту „болните адвокати“, воопшто е трагикомично и наивно да поверувате, дека еден адвокат ќе си дозволи да плаќа изречени казни за доброто на „правото на клиентот“, таков адвокат до сега историјата не познава, но секако дека во случаевите и казните се плаќаат од буџетот на главниот Гуру Никола Груевски, и така до недоглед … не се исполнети условите за започнување на рочиште…..

Во РСМ правдата не само да е спора, туку е и трагикомична, едноставно ја нема, може да се нарече слободно дека во РСМ правдата е Диоген! Решение има, секако, а тоа е да сите политички номенклатури, кој го креираат животот на граѓаните во РСМ, донесат предлог Закон за воведување на казна доживотен Затвор за сите огрешени обвинители , судии, јавни функционери, кој на било кој начин ќе се огрешат макар и минимално од Кривичниот Законик. Доколку се донесе таков закон, овие професии ќе станат најнебарани од корумпираните… До тогаш главниот Гуру Никола Груевски и неговите 50 промили од следбеници, ќе ни ја кројат судбината.

Сашо Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пожарникари речиси 3 часа го извлекуваа возачот кој излета кај Дреновска клисура (ФОТО)

saso user

Побрз интернет во јавните институции со Национална оптичка мрежа до 2029 година

saso user

Интерпелацијата на министерот Спасовски пред пратениците

saso user