Досие Македонија Топ вести

Јанушев, ВМРО ДПМНЕ најнапред треба јавно да се огради од сите актери кој создадоа „Наркоманска“ Македонија во период од 2009 до 2016 година

Уште едно големо промашување на наменска прес конференција на Игор Јанушев – Генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ, околу бизнис одгледувањето на Марихуана!

Јанушев одговорот за тоа кој е главниот актер во трговијата со наркотици во Македонија, секако дека треба да си го побараат во своите редови, но малку да им ја освежам меморијата, ќе изнесам неколку факти:

1.Во месец  јануари 2007-ма година,  македонските полицајци и цариници на Граничниот премин Блаце открија и запленија 483 килограми и 170 грама кокаин, сместен во канти со „Поликолор“.Тогаш и покрај напаствијата добиено од FBI и DEA и Интерпол, македонските власти да го пропуштат товарот со „Поликолор“ до крајната дестинација, Пристаниште Солун Р.Грција, МВР тогаш предводена од Сашо Мијалков како директор на УБК, Љупчо Тодоровски-Радникот како директор на БЈБ и Јордан Размовски-Петруш како Началник на ЦПС (централни полициски сили) при МВР, ја запленуваат пратката на ГП Блаце. Како што и во повеќе наврати пишував, целата количина од 483 килограми и 170 грама, со полициско возило, кое тогаш беше под ЦПС (Шкода супер Б), заврши во еден ресторан во Струга, или поточно мафијата тогаш предводена од врвот на ВМРО ДПМНЕ, наместо да го уништи запленетиот Кокаин, истиот го пушти во оптек на црниот пазар, со што се стекнаа со над 600.000.000 евра парична корист.

Јанушев, кога обвинува, сега јавно да даде одговор или да ги запраша Мијалков, Тодоровски, Груевски и Размовски, зошто во судската постапка против Станислава Чочоровска Полетан, од депото на судот и МВР никој не знаеше каде завршил запленатиот Кокаин?!

2.Дали Јанушев ќе даде одговор или ќе ги запраша Мијалков, Тодоровски, Груевски и Размовски, како преку граничната линија која ја контролира РЦ Запад, цели 9 години беа исклучени термалните камери и системот за електронско следење? Како тоа со логистика од МВР, на граничната линија со Р.Албанија, кај место викано Стрезимир во 2011 година, на самата караула, запленети се 20 коњи натоварени со Марихуана или поточно 4 тони опојна дрога од толку на вас споменуваниот Лазарет. Како тоа припадници на МВР со службени возила на МВР (ЦПС) ја разоружале целото лудство на караулата Стерзимир, ја натовариле марихуаната во џипови и се упатиле во непознат правец, оставувајќи ги припадниците на граничната полиција на РЦ Запад во караулата Стрезимир разоружани?!

3. Кој тоа ја создаде господине Јанушев Франкфурт мафијата? И за тоа да не ви е виновен Зоран Заев ? Ако не знаете, тогаш пршајте си ги јавно Мијалков, Тодоровски, Груевски и Размовски, какви политички шамари јадеше Македонија од Германските власти за создавањето на Франкфурт Мафија од страна на тогашното ваше ВМРО ДПМНЕ?!

4.Кој тоа ја создаде фирмата „Марк Норт“, чиј сопственик беше фатен со 100 грама Кокаин во Хотел во Битола ? И тоа доколку не ви е познатао, повторно обратете се кај вашите Гуру водачи Мијалков, Тодоровски, Груевски и Размовски.

5.Како тоа во ваше време цели 11 години на Галичица, во Скопје, Охрид, Мариово во ранчот на Орце Камчев се одгледуваше Марихуана? Таа ви беше за преродбенички медицински цели или за трговија?

6.Во период од 2010 година па се до 2016 година од страна на Мијалков, Тодоровски, Груевски и Размовски ,поточно МВР низ низа од акции запленети се опијати :Марихуана 76,234 килограми, 900 килограми Кокаин, 12876 килограми Хероин (Запрашајте ги Мијалков, Тодоровски, Груевски и Размовски, како држеа државјанин на Р.Турција, со лажен идентитет во Хотел Гранд Скопје, се додека од Солун не се одзеде неговиот Хероин од 2 тона, од страна на припадници на МВР кој го донесоа во Скопје) над 20.000.000 таблети екстази. Каде тоа преродбениците ја уништија оваа количина на запленети опијати, на црниот пазар за лично богатење?!

Господине Јанушев , ВМРО ДПМНЕ најнапред треба јавно да се огради од сите актери кој создадоа Наркоманска Македонија во период од 2009 до 2016 година, а потоа може да говорите и да обвинувате други. Крајно што стана со дивата лабораторија за одгледување на Канабис, кој случајно се запали во Драчево, а беше во сопственост на високо позициониран и денес функционер на ВМРО ДПМНЕ???

Има уште многу, продолжуваме..

С.Денесовски -Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Царинската управа го подигна степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад, по истрагата во Бугарија

saso user

Чавков од Шутка, преку Идризово, стаса во штипскиот затвор

saso user

Рускиот амбасадор Баздникин беше на гости кај Пендаровски

saso user