Свет

Kинескиот коронавирус не влегол во ЕУ

Засега нема потврдени случаи од заболени од кинескиот коронавирус во земјите на Европската Унија, но Комисијата од блиску го следи развојот на настаните, изјавија денес прес службите на ЕК.

– Во соработка со земјите членки од блиску ја следиме ситуацијата со неколку случаи на пневмонија. Засега потврдени случаи има во Кина, Тајланд, Јужна Кореја и во Австралија. Имаше состанок на 17 јануари кога 20-те земји-членки разговараа за можни мерки, но Европската комисија ќе организира уште еден состанок деновиве откако проценката за ризикот биде објавена – изјави портпаролот на ЕК задолжен за здравство.

Европската комисија не одговори да има доверба во информациите кои ѝ ги даваат кинеските власти, но рече дека состојбата се следи и преку други канали, не само преку официјалните кинески.

Светската здравствена организација засега не препорача рестрикции врз патувањата во Кина, но советува да се ограничат контактите со одредени животни и да се консумира само добро пржено месо.

Речиси 300 лица се заразени од овој вирус од крајот на декември до денеска, од кои шест лица починаа. Најголемиот број заболени лица се наоѓаат во централна Кина, првото лице почина на 11 јануари.

Епицентарот на епидемијата е лоциран во пазар во градот Вуан специјализиран за морска храна и риби, а голем број од заболените биле вработени на пазарот. Според медиумите, на пазарот се продавале и живи животни вклучително птици и змии.

Коронавирусот предизвикува пневмонија, односно акутно воспаление на белите дробови и може да биде смртоносен. Симптомите се голем умор, температура, кашлица, и болка во градите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кинескиот министер за одбрана: Ниедна сила нема да не’ одврати од обединување со Тајван

saso user

Малезија: Затруени 75 лица, најверојатно од отпадни гасови

saso user

Трамп им плати ручек само на лидерите кои даваат два отсто за одбраната

saso user