Свет

Четворица загинати во невремето во Шпанија, блокирани патишта, затворени училишта

Четири лица загинаа, од кои тројца мажи и една жена, во невремето што од неделата зафати поголем дел од Шпанија.

Поради зимската бура, повеќе од 200.000 лица се без струја, училиштата се затворени, а патиштата се блокирани од снег.

Големи бранови и силен ветар има во крајбрежните градови, каде што се оштетени многу продавници и ресторани.

Многу училишта во Каталонија, Валенсија и Арагон се затворени, јавуваат шпанските медиуми.

Сообраќајната полиција соопшти дека десетици патишта се непроодни поради големи наноси од снег.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Голем дел од Венецуела пак без струја

saso user

Уапсена Албанка за ширење лажни вести

saso user

Том и Џери прославуваат 80 години

saso user