Топ вести Урбани вести

Се санираат најкритичните делници од Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро

Во рамките на отпочнатиот проект за санација на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро веќе е спроведена ревитализација на пумпната станица кај хотелот „Гранит”, а извршено е и целосно чистење на цевководот на тој потег од системот во должина од 750 метри. Моментално се вршат активности за санација на пумпната станица кај „Орце Николов”, како и чистење на цевководот на потегот од вилата „Билјана” до Студенчишкиот канал.

Санацијата на системот почна кон крајот на минатиот месец, а активностите ги спроведува фирмата „Еко тим” од Скопје, филијала на хрватската компанија „Инд Еко” од Ријека.

Како што беше најавено на почетокот на активностите, предвидено е со оваа фаза од проектот да се работи на делници во должина од три километри што се најкритични, целосно затнати односно нефункционални, како и репарација на препумпните станици. Дел од проектот предвидува и чистење на секундарните канализациски мрежи во Охрид и Струга, а се во насока повторно стартување и заштита на Колекторскиот систем за заштита на езерото.

Санацијата се врши со најсовремена технологија, со чистење на цевководот одвнатре без ископ на постојната мрежа. Во постоечките колекторски цевки ќе се вметнува специјален непропусен полиуретански материјал, што ќе спречува излевање на отпадните води надвор од системот, но и навлегување атмосферска вода во него. Како што беше истакнато од страна на изведувачот, предноста на таквата технологија е што за време на активностите не се уништува надземна и подземна инфраструктура, а работата се одвива многу побргу од класичното ископување и замена на цевките.

Со реконструираниот Колекторски систем ќе стопанисува новоформирано јавно претпријатие, целосно исчистено од долговите што ги имаше кон поранешното меѓуопштинско претпријатие „Проаква” под чија ингеренција работеше во минатото.

Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води беше изграден со самопридонес на граѓаните на Охрид на почетокот на 80-тите години на минатиот век. Продолжената негрижа доведе до тоа системот децении да работи со само околу 20 отсто од капацитетот, со чести дефекти и прегорувања на моторите од препумпните станици кои поради порозноста на цевководот немаа капацитет да ја примат сета вода што навлегуваше и го преоптоваруваше системот при секои посилни врнежи. Со предвидените активности за санација е предвидено системот да биде целосно функционален и без проблеми да опслужува наредните 15 години.

МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев: Јасен сигнал од ЕУ за почеток на преговори со нашата земја ќе има позитивен импакт за Западен Балкан (ВИДЕО)

saso user

Две деца и двајца воспитувачи заразени со смртоносната бактерија МРСА

saso user

НИНА АНГЕЛОВСКА ,бејби како е во Сушико?!

saso user