Сцена

На сцена ненадејно почина омилениот американски кантавтор

Американскиот пејач и текстописец Дејвид Олни почина на сцена во саботата навечер додека настапуваше на фестивал во американската држава Флорида.

Според Би-Би-Си, 71-годишниот музичар паузирал среде една од неговите песни, се извинил, потоа ги затворил очите и замолкнал, како што опишале двајца музичари кои настапувале со него.

– Тоа беше за време на неговата трета песна. Застана, се извини и ги затвори очите – напиша на Фејсбук Ејми Ригби, музичар кој што седел до него.

„Беше многу тивок, седеше исправено, ја држеше гитарата “, додаде тој.

Скот Милер, кој исто така настапи на сцената со Олни, изјави дека се обидел да го оживее пејачот.

,,Дејвид направи пауза, рече: „жал ми е“, а потоа брадата ја наведна до градите. Беше лесно и нежно движење, исто како што беше и тој. Го спуштивме и направивме сè што можеме за да го вратиме во живот сè додека не пристигнат лекарите од брзата помош. Светот синоќа загуби еден од подобрите луѓе . Но, сè уште ги имаме неговите песни … “, изјави Милер.

Во соопштението за печат е наведено дека Олни имал срцев удар додека настапувал на плажата Санта Роса.

Олни беше клучен протагонист во музичката сцена во Нешвил, а неговите песни се изведувани од бројни американски фолк sвезди. Тој ја основал рок-групата „Х-Rays “ во раните 80-ти, по што започна соло кариера за време на која снимил повеќе од 20 албуми.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Новиот младоженец е најплатениот актер во 2019 година

saso user

Нова снимка од сопругата на Џони Дип: Никој нема да поверува дека јас те тепам

saso user

Сопругата на Винсент Касел гола и бремена на насловна ФОТО

saso user