Бизнис

Макрадули: Проектот за клима инвертери стартува денеска, по 1000 евра за 10 илјади семејства

Проектот клима инвертери за граѓаните ќе стартува денес, веднаш по владината седница во Штип, најави заменик министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Макрадули посочи дека нема правни пречки за реализација на големиот еко-проект.

– Расчистени се сите правни дилеми, пренесени се финансиските средства до општините, а тие со своја програма ќе ги определат зоните и ќе овозможат имплеметација на проектот за клима инвертери. Мислам дека проектот ќе стартува денес веднаш по владината седница во Штип, изјави Макрадули кој во Битола ги посети основните училишта „Кирил и Методиј“ и „Александар Турунџев“ каде со поддршка на МЖСПП се реализираат еко-проекти.

Со проектот на Владата се предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат субвенции од по 1000 евра за купување инвертер клима во замена со печките на огревно дрво. Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сивата економија го гуши легалниот бизнис

saso user

Многумина Кинези работат од дома поради карантинот

saso user

Зголемен бројот на патувања на бугарски туристи кон земјава

saso user