Свет

Ирански пратеник: Три милиони долари во готово за оној кој ќе го убие Трамп

Ирански пратеник понуди награда од три милиони долари „на оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, јавија американските медиуми, повикувајќи се на иранската полуофицијална агенција Исна.

– Во име на народот на провинцијата Керман, ќе платиме три милиони долари награда во готово на оној кој ќе го убие Трамп – изјави пред пратениците во иранскиот парламент Ахмад Хамзех, цитиран од иранската агенција.

Хамзех не прецизираше дали одлуката да му се испрати закана на американскиот претседател е донесена од иранските верски лидери, напоменувата британските медиуми.

Керман, имено, е родното место на иранскиот воен командант Касем Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад до дрон во близина на аеродромот во Багдад.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Невреме ја зафати Хрватска

saso user

Роденден на Пајо Паторот, полни 85 години

saso user

Стоматолог – најплатено занимање во светот

saso user