Сцена

Зошто Гвинет Палтроу пробала дрога и зошто користела екстази?

Актерката Гвинет Палтроу призна дека пробала MDMA за да се ослободи од трауматските искуства од минатото.

Гвинет Палтроу открила дека користела синтетичка дрога MDMA како „терапија за своето болно и трауматско детство“.

Откако го шокираше светот кога неодамна започна со продажба на миризливи свеќи, актерката решила целосно да се отвори. Како што вели, поради трауматските моменти од минатото, се одлучила за необична терапија – терапија со дрога, а главна поддршка во тоа ѝ бил вториот сопруг, продуцентот Бред Фалчук.

„Пораснав во ера каде што сè беше подредено на мажот. Се трудев да изгледам убаво и сè да правам за мажите. Ја загубив својата секусалност, престанав да уживам“, рекла таа.

За да се ослободи од лошите искуства, Гвинет одлучила да се опушти со помош на синтетичка дрога, а покрај неа, постојано бил сопругот.

– Тоа беше пред неколку години. Бред и јас уште се забавувавме, не бевме во брак. Беше многу емотивно тоа консумирање дрога, всушност. Мислам дека тоа ми помогна – рекла Гвинет.

MDMA е познат и како екстази, дериват е на амфетаминот и многу психоактивно средство.

Да потсетиме, актерката била во брак со фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин од 2003 до 2014 година и со него има две деца. После разводот, таа го запознала Бред, за кој се венчала во 2018 година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Славниот босански рапер поради трговија со дрога заврши во затвор, можно е да ја избегне казната ако плати

saso user

Мадона: Се чувствувам како „Њујорк тајмс“ да ме силувал

saso user

Ченинг Тејтум со гола фотографија го „запали“ интернетот ФОТО

saso user