Македонија

Заврши средбата Маричиќ – Муцунски, ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат нови предлози за законот за ЈО

ВМРО-ДПМНЕ ќе излезат со нови предлози и забелешки кои ги изработуваат стручните тимови, во врска со законот за ЈО. Ова е заклучокот кој произлегол од денешната средба на претставниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Маричиќ и Тимко Муцунски, јави телевизијата 24 Вести.

Во краткото инфо од средбата се наведува дека „Камен на сопнување за ВМРО- ДПМНЕ, продолжува да биде неизбалансираното решение со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое е подложно на политички злоупотреби, но на средбата станало збор за можните решенија и одглавување на дијалогот. Најавени се предлози и забелешки од ВМРО ДПМНЕ кои ги изработуваат стручни тимови.“

СДСМ пак, цврсто стои зад донесување на Законот и работи со сите пратенички групи за негово донесување. Се очекува во наредните денови односно до крајот на неделата да се закаже и средба на работните групи.

Денеска на донесување на ова законско решение повика и вицепремиерот за Европски прашања, Бујар Османи, кој смета дека носењето на законот за ЈО е важно за сите политички чинители да покажат зрелост , но исто така да ги надминат разликите и теснопартиските позиции. Тој потсети дека законот не е условен од Европскиот совет или Комисијата, но дека е важно за одредени земји-членки на Унијата, како Холандија и Франција.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меѓународен ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите

saso user

Ден на македонската револуционерна борба

saso user

Николовски: Излегуваме на терен, бидете гласни (ВИДЕО)

saso user