Спорт

ЕП во ракомет: Словенија на прагот на полуфинале, ја победи Португалија

Португалците кои се хит на Европското ракометно првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, сепак, нема да играат полуфинале. Во тоа ги спречи Словенија која го доби меѓусебниот дуел со 29:24 и остана во игра за влез во големата четворка.

Блаж Јанц со седум гола беше најефикасен ракометар на „змајчеки“, по шест додадоа Доленц и Мацковшек. Најмногу погодоци (6) за Португалија, која никој не ја очекуваше во вториот круг на ЕП, реализира Гомеш, но сам не множеше против расположените Словенци.

Расплетот во групата И ќе зависи од исходот на мечевите во последното коло во кое Словенија ќе игра со Норвешка, а Унгарија, покрај денешниот дуел со Норвежаните кои во петтото коло ќе играат и против Шведска.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бријаторе: Формула 1 се претвори во шампионат за гуми, а не за пилоти

saso user

Шарапова и Венус Вилијам добија „вајлд-карта“ за турнирот во Синсинати

saso user

Барселона издава сопствена криптовалута

saso user