Свет

Го оставил својот кремиран татко во јавен тоалет

Еден човек е уапсен во Јапонија откако, наводно – намерно ги оставил кремираните останки на неговиот татко во тоалетот на една метро станица.

Кога таткото на Хироаки Хишиџима починал лани во септември, градските власти во Токио го кремирале неговото тело. Хишиџима отишол да ги земе останките на татко си во ноември заради погреб, но се исплашил дека неговата мајка ќе се налути ако ја однесе пепелта на таткото дома, па го оставил во тоалетот на метро станицата.

Според јапонските закони, оставањето посмртни останки на јавно место, освен ако не се работи за гробишта, се казнува со парична казна или до три години затвор.

Јапонците сè почесто се соочуваат со проблеми околу тоа – што да се прави со останките од некој близок или роднина. Населението се зголемува, па со тоа расте и стапката на смртни случаи. Тоа пак, резултира со поголеми цени на гробните места.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нобелот за хемија оди кај тројца научници за развој на литиум-јонски батерии

saso user

Повеќе од половина од светската популација редовно користи интернет

saso user

Добиле богатство на лото па сопругот избегал со ливчето

saso user