Балкан

Борисов: Треба да покажеме дека сме пораснале

Треба да се покаже дека сме пораснале на Балканот. Иднината на земјите од Западен Балкан минува преку нивната евроинтеграција, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на средбата во Давос со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи.

Премиерот Борисов ги истакна вредностите, кои ги обединуваат земјите-членки на ЕУ, но и државите што сакаат да се приклучат кон европското семејство. Во фокус на разговорот меѓу Борисов, Пленковиќ и Тачи беше значењето и улогата на НАТО за безбедноста во регионот.

Бугарскиот премиер ја поздрави одлуката на хрватското претседателство на Советот на ЕУ да продолжи да ја става европската перспектива на Западен Балкан на европската агенда, како и самитот ЕУ-Западен Балкан, кој е планиран да се одржи во мај во Загреб.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Словенија девет лица починаа од грип, а 400 хоспитализирани во Љубљана

saso user

Земјотресот го врати Рама од Њујорк

saso user

Нов земјотрес кај Крит

saso user