Здравје

Аларм за СЗО: Корона вирусот се пренесува од човек на човек

Светската здравствена организација (СЗО) за в среда свика вонреден состанок за да процени дали треба да прогласи меѓународна вонредна состојба поради појавата на новиот вирус во Кина.

Агенцијата на ОН го најави состанокот откако експертите потврдија дека корона вирусот може да се пренесе од човек а човек.

Комитетот за вонредни состојби на СЗО може да издаде препораки за здравствена политика в среда и да повика на меѓународни мерки за објавување глобална вонредна состојба, соработка и финансирање во борба против вирусот.

Стручниот тим на Националната здравствена комисија на Кина потврди дека е регистриран пренос на новиот корона вирус од човек на човек и дека е заразен медицински персонал, јави кинеската државна новинска агенција Синхуа. Болеста има симптоми што наликуваат на воспаление на белите дробови, вклучително и зголемена температура и проблеми со дишењето.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Само една рака од ова оСамо една рака од ова овошје на ден, заменува лековивошје на ден, заменува лекови

saso user

Медитеранската исхрана е прогласена за најдобра диета во 2019 година

saso user

Лицата со мултипла склероза добија официјално Национално здружение

saso user