Свет

Ако 5Г мрежата убиваше птици, што треба да се очекува од 6Г?

Јапонската Влада одлучи да почне со подготовки за воведување на мобилната мрежа од шестата генерација ( 6Г), со намера оваа ултрабрза мрежа во Јапонија да почне со работа во 2030 година.

За таа цела е формиран стручен совет во кој се наоѓаат технички експерти, претставници на приватните компании и надлежните јавни установи, на кои задача ќе им биде да разработат комплексна стратегија за премин кон новиот формат.

Комуникацискиот систем од петтата генерација (5Г) пролетва ќе биде воведен во широка употреба во Јапонија. Во овој сегмент земјата заостанува зад САД и Јужна Кореја, каде употребата на 5Г веќе почна.

Јапонските медиуми наведуваат дека владата во соработка со стопанството сака да го надомести ова доцнење и да ја преземе водечката улога во преминот кон уште побрзиот и посигурен систем, од шестата генерација.

Широката употреба на системот 6Г особено се очекува во автономните возила без возачи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Данска ќе гради вештачки острови со ветерна енергија

saso user

Најбараните терористи, наркобосови и хакери во светот

saso user

Уапсен Индиец поврзан со аферата за перење пари на браќата Сандесара

saso user