Спорт

Хрватска ја победи Чешка на ракометното ЕП, в среда игра во полуфинале со Шпанија

Хрватската ракометна репрезентација ја совлада Чешка со 22:21 (полувреме 11:9) за шеста победа во низа на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
Селекторот Лино Червар попладнево ги одмораше играчите кои досега го понесоа најголемиот товар во натпреварите во Грац и во Виена, па без минутажа против Чесите останаа Мартин Шего, Лука Циндриќ, Игор Карачиќ и Жељко Муса, додека капитенот Домагој Дувњак влезе во второто полувреме колку да изведе седмерец.
Најефикасен во нивно отсуство беше Марко Мамиќ со пет гола, по три додадоа Лука Степанчиќ, Давид Мандиќ и Марино Мариќ, а голманот Матеј Ашанин нанижа десет одбрани. Во поразената селекција се истакнаа Ондреј Здрахала со седум погодоци и голманот Томаш Мрква со 12 интервенции.
Хрватска обезбеди полуфинале на Европското првенство, а во среда од 16 часот во директен дуел со Шпанија ќе решаваат која од двете репрезентации ќе патува во Шведска како првопласирана од групата во Виена.
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Неизвесен трансферот на Бејл во Кина

saso user

Пливачите се на половина од Охридскиот маратон, се очекува неизвесна трка до финишот

saso user

Деветмина загинаа во вчерашниот напад врз луксузен хотел во Пакистан

saso user