Балкан

Хрватска: Волците се намножија во Лика, за миг колат и крави

Во последните денови на подрачјето на Кореница волци заклаа десетици овци и повеќе крави и телиња. Сточарите во Лика мака мачат со шумските предатори, кои ја напаѓаат нивната стока и им се приближуваат на куќите и на луѓето.

Зденко Рамљак од Кореница за ХРТ вели дека кај нив има глутница од седум волци, кои често биле видувани, па дури ги имале и снимено. Тие седум, крава раскинувале за миг, без проблем.

Неговото стадо од 80 говеда и илјада овци, кои на испаша ги чувале електричен овчар и повеќе кучиња, претрпело напад. Две крави му се заклани, како и седум овци.

Стручњаците од националниот парк Плитвице потврдуваат дека повеќе години следат три глутници од по пет до седум волци на подрачјето на Лика. А, и други сточари ги раскажуваат искуствата со нив.

„Ги донесовме овците од ливадата. Беше многу лошо време. Волците дојдоа по нас и овците. Околу осум вечерта влетале седум во трлото и ми заклаа три овци и еден овен, а уште седум одвај преживеја“, вели Саша Делиќ од Грбушиќ.

Иако волците главно се хранат во шума, незаштитениот добиток на ливадите, па и во трлата, им се многу полесен плен.

„Волкот најчесто го користи својот природен плен, но во недостаток на таков плен тој знае да улови и по некое домашно животно“, велат од НП „Плитвички Езера“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Покренати обвиненија за помагање во убиството на Оливер Ивановиќ

saso user

Советот на Европа бара подобри услови за мигрантите на грчките острови

saso user

Ајкула забележана близу плажа кај Валона

saso user