Свет

Тројца загинати во невреме во Шпанија, затворен аеродромот „Аликанте“

Најмалку три лица загинаа при невреме во Шпанија, проследено со силен ветер и снег, пишува весникот „Венте минутос“.

Двајца мажи загинаа, еден во областа Астурија, а друг во областа Кастиња, додека во Гандија, Валенсија, денеска загина жена – бездомник.
Шпанската државна метеоролошка служба објави предупредување поради невремето во 33 провинции. Поради лошото време, некои патишта се затворени, како и пристаништата Валенсија и Гандија. Во 194 општини во регионот Валенсија часовите беа откажани.
На Твитер, шпанските аеродромски власти соопштија дека аеродромот „Аликанте“, поради силниот ветер, денеска ќе биде затворен. На 15 јануари, пак, на тој аеродром имаше пожар.
Според синоптичарите и утре  се очекува слично време.
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Русите уапсија двајца Кинези кои измамиле 1,5 милион луѓе

saso user

Со апелот на Баша за граѓанска непослушност заврши протестот на албанската опозиција

saso user

Белгиски судија ја стопира екстрадицијата на Пуџдемон во Шпанија

saso user