Свет

Тротинети, мотори и велосипеди на дното на морето во Солун

Велосипеди, мотори, канти за отпадоци, колички од супер маркет, како и 80 електрични тротинети се само дел од предметите откриени на дното на морето во Солун во акцијата на општината, јави дописничката на МИА од Атина.

Во трета фаза за чистење на морето, дното било скенирано со подморски дрон во соработка со професорот Јоргос Минос од Меѓународниот универзитет на Грција.

Сократис Димитриадис, заменик градоначалник на Солун, одговорен за животна средина за грчката телевизија „Скај“ вели дека биле навистина изненадени од тоа што било снимено со дронот.

– Добивме 45 сигнали, меѓу кои од електрични тротинети, електрични велосипеди, многу колички од супермаркет, мотори, големи и помали, мотор за глисер и еден голем контејнер на општина Солун. Ќе се извлечат во следните 10-15 дена во зависност дали времето ќе го дозволи тоа. Ќе спроведеме акција со два – три чамци и нуркачи за да ги извлечеме и секако со помош на кран од копно за големите предмети – вели Димитриадис за „Скај“.

Ова е третата фаза од активностите на општина Солун за чистење на морето во близина на шеталиштето. Во првите две фази беа извлечени вкупно 80 електрични тротинети.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бројот 666 е владетелот – свиреп деспот, убиец, развратник и лажливец?

saso user

Кралицата Елизабета, принцот Вилијам и принцот Џорџ мешајќи пудинзи испратија порака

saso user

Земјотреси во Истанбул

saso user