Свет

Трамп денеска ја поднесува одбраната пред почетокот на постапката за импичмент во Сенатот

Откако одби да соработува во истрагата за отповикување што ја предводеше Демократската партија во Претставничкиот дом, американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја изнесе својата прва сеопфатна одбрана, пред почетокот на постапката за негов импичмент во Сенатот.

Трамп, кој е четврти од 45 американски претседатели кој се соочува со можноста да биде отповикан, мора да го исполни крајниот рок до пладне по локално време за да ја поднесе својата одбрана во писмена форма.

Тој е обвинет за злоупотреба на својата надлежност со барањето од Украина да го испита неговиот демократски политички ривал Џо Бајден и за опструкција на истрагата на Конгресот за неговото однесување.

– Ова е безобразен и незаконски обид за промена на резултатите од изборите во 2016 година и мешање во изборите што ќе се одржат во 2020 година за само неколку месеци, велат адвокатите на Трамп во одговорот на обвинението објавен во саботата.

Високи претставници на администрацијата соопштија дека документот што ќе го поднесат денеска ќе има подетална и поагресивна одбрана во која ќе се каже дека Трамп е невин и не треба да се отповика, како што бараат демократите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Брамерц: Неколку илјади случаи на воени злосторства во поранешна Југославија чекаат да се обработат

saso user

Лондон доби струја, проработеа семафорите

saso user

Илјадници луѓе протестираат ширум Британија

saso user