Урбани вести

СЕ ОДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ

Како дел од чествувањата и обичаите поврзани со празникот Свети Јован Крстител, денеска на Градскиот плоштад во Охрид се одржа манифестација Денот на рибарите.

Градоначалникот Константин Георгиески, заедно со тајфата на фаќачот на Чесниот крст, Петар Рупески беше дел од уникатниот настан со традиционалното капење на рибарите во водите на Охридското Езеро.

Во рамки на манифестацијата и годинава беше организирана подготовка на рибна чорба во голем казан. За подготовката на овој специјалитет беа задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. На присутните гости им беа послужени неколку илјади порции, а дел од подготвената чорба беше доставена и до социјално ранливите семејства од градот.

За забавната програма на настанот беше задолжен македoнскиот естрадeн уметник Миле Кузманоски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СФЕРНИ ОГЛЕДАЛА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ ГРАДОТ

saso user

Општина Дебрца со поддршка за кампањата на Црвениот Крст за Прва помош

saso user

НУ Библиотека „Григор Прличев“: Што најмногучитаа охриѓани во 2018

saso user